јануари 31, 2018

Струга, 31. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 52-годишниот Ш.Ш. од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на август 2016 година, кога на нотар склучил договор за купопродажба на патничко моторно возило сопственост на 28-годишниот Н.К. од селото Велешта. Според условите од меѓусебниот договор, пријавениот на оштетениот Н.К. требало, во рок од еден месец да му исплати сума од 430.000 денари. Бидејќи од тогаш, пријавениот Ш.Ш. не му ги исплатил парите, оштетениот, кон крајот на декември минатата година,случајот го пријавил во Полициската станица во Струга, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука