февруари 1, 2018

Струга, 1. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „телесна повреда“.

На 30-ти декември минатата година во Струга, пријавениот, по предходна вербална расправија, со нож, ги нападнал Џ.Д.(23) и С.Д.(18), двајцата од Струга, при што  Џ.Д. го прободел во  пределот на стомакот, додека на С.Д. му нанел расекотини на двете раце. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука