Охрид, 3. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ денес помогнаа во санирањето на штетите од вчерашниот пожар на улицата „Аргир Маринчев“ број 9, кој зафати две куќи во населбата Месокастро.
Со два трактори е однесена опожарената покуќнина, која вчера беше изнесена од зафатените куќи од страна на пожарникарите.
Борбата со огнената стихија траеше околу два часа, а за екипите на противпожарната единица од Охрид сериозен проблем беа тесните улички во овој дел на градот. Според првичните анализи, во пожарот изгореа една соба и дел од покривот, а е повредено едно лице кое се обидело да го гасне пожарот, при што се здобило со полесни изгореници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 32