Охрид, 4. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридската библиотека со пригодни свечености ќе одбележи 125 години од смртта на Григор Прличев.
Во рамки на културната манифестација „Прличеви беседи“, во вторник, од 11:30 часот, пред бистата на Прличев, ќе биде положено цвеќе. Беседа за ловороносецот ќе одржи поетот Разме Кумбароски од Друштвото на писатели на Македонија.
Во 13:00 часот во просториите на библиотеката ќе биде промовирана книгата „Сага за Охрид“ од новинарката Валентина Нелоска, по што ќе се одржи традиционалната Охридска визита. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17