февруари 6, 2018

Охрид, 6. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид распиша јавен повик за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјален ризик.

Субвенционирањето се однесува за периодот од 1-ви јануари до 31-ви декември оваа година.

Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:

– Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.

Може да аплицираат корисници на социјална или постојана парична помош или невработени лица подолго од една година (доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен).

Јавниот оглас ќе трае заклучно со 5-ти март годинава. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука