Охрид, 10. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Идната сабота, 17-ти февруари, во кафе барот „Шила“ ќе биде промовирана книгата „Чудесните светови на Алиса“ од Мерсиха Исмајлоска.
Ова дело ги обработува книгите „Алиса во земјата на чудата“ и „Алиса во светот на огледалото“ од Луис Карол и нивните интерпретации во визуелните уметности и воопшто во културата.
Промоцијата почнува во времето за чај, 05:00 часот попладне.
Промотори на книгата се проф. д-р Лидија Капушевска Дракулевска и м-р Александра Јуруковска, а модератор на настанот ќе биде лично Лудиот Шапкар. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17