февруари 11, 2018

Охрид, 11. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми февруари, по 11-ти пат, ќе се одбележи Денот на ретките болести.

Во знак на поддршка на заедницата на ретки болести, во тек е интернет кампањата – обојте го вашето лице со боите на ретките болести.

Дел од кампањата #ShowYourRare може да биде секој кој ќе се фотографира со обоено лице, а фотографијата со препознатливите ознаки, #MyRare или #RareDiseaseDay ќе ја објави на некоја од социјалните мрежи, со што се подигнува јавната свест за лицата со ретки болести.

retkibolesti1

oudebrca

kosarkariav

Свој придонес во оваа кампања веќе дадоа децата од основните училишта „Григор Прличев“ и „Дебрца“, како и кошаркарите од АВ Охрид.

Денес, 300 милиони луѓе живеат со ретка болест. Постојат над 6,000 различни дијагнози, што значи ретките болести и не се толку ретки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/fb

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука