Охрид, 12. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 16-ти февруари, во Охрид ќе се оджри бесплатно предавање „Како го победив ракот“ на Билјана Јанеска.
Присутните ќе можат лично да се запознаат со Јанеска и да слушнат за нејзината борба со ракот. Ќе може да се поставуваат прашања, а и ќе се добијат и корисни совети.
Предавањето ќе се одржи во ресторанот „Белведере“ со почеток во 11:30 часот. Со оглед на ограничениот број места, пријавувањето е на телефонскиот број 077/ 855-155.
Јанеска во четврток, 15-ти февруари вакво предавање ќе одржи и во Струга.
Оваа активност е дел од под-проектот „И старите можат“ кој се спроведува од Локалната агенција за развој до Струга која е членка на Мрежата Инклузива М за социјална инклузија на старите лицата од трета доба во Република Македонија од 2016 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива