Охрид, 15. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Книжниот фонд во Националната Установа библиотека „Григор Прличев“ од Охрид е побогат за уште неколку наслови.
Љубителите на пишаниот збор во текот на месец февруари ќе можат да одберат некој од следните наслови: „Кругот на животот“ од Јован Илиески, „Наноси на времето“ од Никола Кочовски, „Градот на Јужното Море“ од Зоран Пејковски, „Нешто напишано“ од Емануеле Треви, „Грималда“ од Еди Матиќ, „Птици“ од Ристо Лазаров, „Солитерот Титаник“ од Алмир Алиќ, „Амбасади“ од Луан Старова, „Просјакот Лука“ од Аугуст Шеноа, „Воденицата на Јанко“ од Петре Г Воцис и „Трите смртни пресуди на Павел Шатев“ од Добре Тодоровски, информираат од охридската библиотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22