февруари 15, 2018

Охрид, 18. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Државата и официјално се откажа од планот за изградба на ски центар на Галичица и други инфраструктурни проекти во заштитената зона на националниот парк, за да не се загрози статусот на Охридскиот регион кој е прогласен за светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Владата ги прифати препораките на мониторинг мисијата која уследи по одлуката на Комитетот за светско наследство усвоена на 41-та сесија одржана минатата година во Краков, Полска, и го задолжи министертвото за култура  во рок од десет дена да ја извести светската организација за преземените итни мерки за зачувување на УНЕСКО статусот на Охрид.

гал1

Итни мерки за зачувување на статусот на „Светско наследство на УНЕСКО“ на Охрид

  1. Трајно откажување на плановите за изградба на проектот за ски центар на Галичица, одржување на постојното зонирање;
  2.  Трајно откажување на плановите за изградба на под – секциите (а) и (е) од патот А3 и откажување на изградба на други под секции на патот А3;
  3. Започнува процесот на Стратегиска оцена на животната средина (СЕА) за Планот за управување со Охридскиот регион (2016-2025);
  4.  Формирана е Комисија за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, која што веќе го имаше својот прв состанок на први овој месец.

гал2

УНЕСКО бара и стопирање на процесот на легализација на бесправно изградените објекти во заштитени зони во охридско, сè додека не се изработи оцена на влијанието врз природното и културното наследство на сите нелегално изградени објекти, како и ригорозна примена на законите за да се спречи секакво нелегално градење. Во наредниот период централната и локалната власт ќе бидат исправени пред сериозен тест за да не се случи Охрид да биде одстранет од листата на Светско наследство.

лагадин

извор: porta3.mk фото: porta3.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука