Охрид/Софија, 17. Февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градоначалник Јован Стојаноски оствари работна посета на Софија, Република Бугарија.
Тој се сретна со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. На состанокот беше присутен и заменик градоначалникот на Софија, д-р Тодор Чобанов, задолжен за култура, едукација, спорт и туризам и ЕУ фондови.
Заеднички беше заклучено дека Бугарија како членка на ЕУ има големо искуство за користење на ЕУ фондовите, а тоа искуство ќе биде од голема помош за општина Охрид. Била изразена волја за продлабочување на соработката и искористување на стручна помош од бугарска страна.
Во рамки на престојот Стојаноски ги посети учениците од СОСУ „Св. Кирил и Методиј” кои во рамки на “Me Doctor” проектот од „Erasmus +“ програмата се на неколкудневна пракса во софиската универзитетската болница „Александровска“. Градоначалникот беше примен од бордот на директори на болницата предводен од извршниот директор проф. д-р Костадин Ангелов. Раководството на болницата изрази огромно задоволство од остварената соработка, квалитетот и посветеноста на учениците. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид