февруари 23, 2018

Охрид/Белград, 23. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Белград се се одржа „Охридска вечер“, во рамки на презентацијата на туристичките потенцијали на Охрид,  на 40-от Меѓународен саем на туризам.

На вечерта на која присуствуваа бројни,туроператори, туристички агенции и јавни личности, градоначалникот Јован Стојаноски ги повика присутните да ги вкусат охридските специјалитети и да го посетат Охрид, една од најатрактивните дестинации во регионот.

23_02_2018_SAEM_BELGRAD_4

Саемот во Белград на кој учествуваат околу 1 200 излагачи од 55 земји од светот завршува в недела. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука