Скопје, 23. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за култура на Република Македонија информира дека е изработен Извештајот за напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.
Истиот е изготвен од страна на Националната комисија за УНЕСКО на Република Македонија во координација со ресорните министерства, институции и општини, согласно Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која се однесува на состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион (донесена на 41-та сесија – Краков, Полска, 2017 година). Извештајот беше усвоен од страна на Владата на Република Македонија на нејзината 54-та седница, одржана на 13-ти февруари 2018 година и доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15-ти февруари 2018 година.
– Владата на Република Македонија со ресорните органи и институции, со посебен интерес и внимание ги разгледа и ревидираше активностите предвидени во Охридскиот регион и носењето на одлуки, кои што треба да овозможат баланс за идниот развој на регионот, темелен на зачувување на историски исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство на Охридскиот регион како светско наследство, информираат од Министерството за култура.
Извештајот што беше доставен до Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 15-ти февруари 2018 година може да се погледне и сочува ОВДЕ. (Крај)
извор: Министерство за култура фото: архива