Охрид, 27. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од охридскиот Центар за јавно здравје ги информираат граѓаните за можноста за домашна посета на нивните екипи за сите граѓани кои не се во можност да ги посетат амбулантите.
– Во овие снежни и студени зимски денови, доколку имате потреба од лабораториски микробиолошки услуги во Центар за јавно здравје Охрид, а сте на возраст над 60 години и не сте во можност да дојдете во амбулантите на Центар за јавно здравје Охрид, нашите мобилни тимови се подготвени да Ве посетат во Вашиот дом во Охрид за да ги обават потребните услуги и ги земат соодветните материјали за микробиолошка анализа. Ве очекуваме да се јавите на нашите телефони 046/231-031 или 072/251-948, најдоцна до 13:00 часот каде ќе дадете податоци за Вашата адреса и видот на микробиолошката анализа која треба да се изврши согласно издадениот упат од матичен лекар, информираат од Центарот. (Крај)
извор: Центар за јавно здравје фото: архива