февруари 28, 2018

Охрид, 28. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни активности денеска Охрид го одбележува Денот на ретките болести.

Во текот на цел февруари траеше интернет кампањата „Обојте го вашето лице со боите на ретките болести“, во која се вклучија,установи, организации, спортски клубови и школи, јавни личности, ученици и граѓани.

retkibolesti2

retkibolesti2

cornerretkibolesti3

Како централен настан планиран е Марш низ улиците на Охрид и атлетски крос по кејот на Охридското Езеро, на кој учество ќе земат ученици од основните и средните училишта во Охрид, со што најмладите ќе ја дадат својата поддршка на лицата заболени од ретки болести.

Маршот ќе започне во 10:40 часот од дворот на ОУ „Кочо Рацин“,а кон него ќе се приклучат учениците од основноте и средните училишта. Атлетскиот крос ќе се трча по 12:00 часот, на потегот од  Холандскиот парк доспоменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк.

Во 13:30 часот во ресторанот „Лихнидос“ ќе биде промовирана химната на Децата со ретки болести.

himna retki bolesti plakat

Изминатиов период во студиото „Китроз“ се снимаше песна која е посветена на Децата со ретки болести. Јовица Карајлиевски ја напиша музиката, текстот е на Сашо Митан, а аранжманот на Јовица Каралиевски и Димче Китрозоски. Ја исполнуваат најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR, односно OhridSUPERSTAR Band (Ирма Гогова, Ивана Коскоска, Билјана Буџакоска, Емилија Петровска и Христијан Николоски. За снимањето на видео спотот се погрижи МЕГА Продукција.

Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести.  Од почетокот на неговото одбележување во 2008 година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана вистински глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот свет во 2017 година. Темата за 2018-та година е „Истражување“. Денот на ретките болести 2018-та е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука