Охрид, 3. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полиците во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид од деновиве се побогати со уште неколку наслови.
За љубителите на пишаниот збор на располагање им стојат: „Моќта на театарот” од Љубиша Никодиновски – Биш, „Идеологијата на ренесансната и маниристичка уметност во Италија” од Татјана Филиповска, „Македонски писмовници (Епистолари) од XVI и од XIX век” од Михајло Георгиевски, „Ракописни збирки во Република Македонија” од Добрила Миловска, „Црквата Св. Пантелејмон во Нерези versus Нотр Дам во Париз” од Деспина Ковачева, „Јасминка Чакар, пијаното – животен импулс” од Аида Ислам, „Востанијата во Македонија”, „Предизвици и перспективи”, „Книга на записите” и „Струшка музичка есен”, информираат од охридската библиотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива