Охрид, 8. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид информираат за распоредот на Собирите за избор на членови на Совети на Урбани заедници.
Информацијата ја пренесуваме во целост:
Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа, член 106 од Статутот на општина Охрид, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедницина на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува Собир на граѓани.
На Собирите ќе се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници.
Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред:
На ден 06.03.2018 година, со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница 2 „Центар“. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната заедница 2 „Центар“ го завзема источниот дел од крајбрежјето и се граничи со: од исток булевар „АСНОМ“, од Запад булевар „Македонски Просветители”, од север булевар „Туристичка“ и од југ Охридско Езеро.
Улици: булевар „Туристичка“ – лева страна (непарни броеви) од почеток до пресек со булевар „Македонски просветители“ (зграда „Печијаре“ бр.79 ), ул. булевар „Македонски Просветители“ од езеро десна страна – парни броеви до бр.16 пресек со булевар „Туристичка“ (кај зграда „Печијаре“), улица „Ванчо Николески“, улица „Димитар Влахов“, улица „Кеј Македонија“, улица „Партизанска“, улица „Серафим Китаноски“, улица „Страшо Пинџур“, улица „Војдан Чернодрински“, улица „Јане Сандански“, од почеток лева страна бр.1-бр.47 и десна страна од бр.2-бр.32 (семафори „Мини Маркет“) пресек со булевар „Туристичка“, улица „Славеј Планина“, улица „Спас Банџов“, улица „АСНОМ“, од езеро до пресек со булевар „Туристичка“ зграда А-13, „Даме Груев“, од почеток до бр. 87 и бр. 112 (пресек со булевар „Туристичка“), улица „Мите Богоески“, улица „Кузман Јосифоски“.
На ден 07.03.2018 година, со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница 3 „Кошишта“. Собирот ќе се одржи во зградата на Општина Охрид, сала 1.
Урбаната Заедница 3 „Кошишта“ се граничи со: од исток улица „Пирин Планина“, улица „Кирил и Методи“, собирна улица „С-9“, од запад улица „Бистрица“, од север булевар „Туристичка“ и од југ улица „Васил Стефоски“.
Улици: улица „Гоце Делчев“, од број 111 лева страна и 118 десна страна – пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек со ул. “Бистрица”бр.229 лева страна и бр.250 десна страна, ул.“Кирил и Методи” – дел од бр.42 до крај десна страна и од 19 до крај лева страна, ул.“Вардар”,ул.Андон Дуков од бр.39 до крај и од бр. 18 до крај, ул.“Пирин Планина” – дел лева страна од почеток до бр.35, до пресек со ул.булевар “Туристичка”,ул.булевар “Туристичка” лева страна од бр.89 пресек со ул. “Пирин Планина” до пресек со ул. “Бистрица” бр.97, ул.“Стив Наумов” –од почеток до бр.49 и бр.2 до бр.38, пресек со булевар “Туристичка”, ул.“Пере Тошев”, ул.“Петар Поп Арсов”, ул.“Ѓоре Георгиески”, ул.“Крум Точков”, ул.“Васил Стефоски” – дел од бр.2 до бр.20 пресек со ул.Бистрица, ул.“Махмут Рифат”, ул.“Ариф Мустафа”, ул.“Xaџи Мустафа” – дел од почетната точка до бр.50 и од почеток до бр.27- пресек со ул. “Бистрица”, ул.“Илија Дуданоски”.
На ден 09.03.2018 година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -5 “Лескајца”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната заедница -5 “Лескајца” го завзема западниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “Пирин Планина”, од северозапад ул. “Железничка”, клучка и од Југ булевар “Туристичка”.
Улици: булевар “Туристичка” – десна страна од бр.66 до крај петља, ул. ново проектирана – продолжение на ул.”Пирин Планина” лева страна до ул. “Железничка”, ул.“Дејан Војвода” – дел (од бр.145 до крај и бр.246 до крај,ул. “Крали Марко”- дел од лева страна, ул.“Стив Наумов” – од пресек со ул. булевар “Туристичка” бр.21 до крај и 50 до крај, ул. “Јабланица”, ул. “8 Март”, ул. “Бистрица” – дел бр.96 до крај и бр.41 до крај –(пресек со ул. булевар “Туристичка”), ул. “Хаџи Мустафа” – дел од пресек со булевар Туристичка до пресек со ул. Железничка, ул. “Железничка” – дел пресек со ул. “Пирин Планина” кај “Нискоградба” до клучката лева страна.
На ден 12.03.2018 година со почеток во 19,00 часотсе свикува Собир на граѓани за Урбаната Заедница -6 “Даме Груев”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница -6 “Даме Груев” го завзема средишниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “Јане Сандански”, од Запад ул. “7-ми Ноември”, од Север “1 Градски Ринг” и од Југ булевар “Туристичка”.
Улици: булевар “Туристчка” – десна страна од бр.18 (семафори кај “Мини Маркет” ) до семафори кај “Охридска банка” пресек со ул 7-ми Ноември ( зграда Кифла), ул. “7 Ноември” – десна страна од пресек со билевар “Туристичка” (зграда Кифла) до бр,196 десна страна пресек со нова ул. “Прв градски ринг” , ул. “Марко Нестороски” – од почеток до пресек со ново проектирана ул. “Прв градски ринг” бр.31 лева страна и бр 68 десна страна, “Јане Сандански” – лева страна од бр.49 – ( “Мини Маркет”) до бр. 187 -пресек со нова ул. “Прв градски ринг” ,ул. “Даме Груев” – од пресек со ул. булевар “Туристичка” бр.114 до бр. 236 и бр.89 до 267 ( пресек со нова ул. “Прв градски ринг”),ул. “Караорман” – од пресек со булевар “Туристичка” бр.3 до крај и 2 до крај, ул. “Богомилска”.
На ден 13.03.2018 година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -7 “7-ми Ноември”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница -7 “7-ми Ноември” го завзема средишниот дел од градската територија и се граничи со: од исток ул. “7-ми Ноември”, од Запад ул. “Пирин Планина”, од Север “1 Градски Ринг” и од Југ булевар “Туристичка”.
Улици: ул. “Абас Емин” – дел од бр.10 и 17 пресек со ул. булевар “Туристичка” до пресек со новопроектирана ул.”1 Градски ринг”, ул. “Дејан Војвода” – дел од почеток лева страна до бр.143 и десна страна до 244, ул. “Бекир Али Риза”, ул. “7 Ноември” – дел лева страна до бр. 97 пресек со новопроектирана ул.1 Градски Ринг, булевар “Туристичка” – десна страна дел од бр.54 кај Охридска банка до бр. 64 кај перална “Крле” пресек со ул. “Пирин Планина”, ул. “Пирин Планина” – десна страна дел од пресек со булевар “Туристичка” до новопроектирана ул. “Прв градски ринг” – лева страна дел, булевар “Македонски Просветители” пресек со ул.булевар “Туристичка” до крај.
На ден 14.03.2018 година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -8 “Билјанини Извори”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница -8 “Билјанини Извори” го завзема источниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток со ул. “Стрелиште”, од Запад ул. “Јане Сандански”, од Север “1 Градски Ринг” (ул. “Карпош Војвода”) и од Југ булевар “Туристичка”.
Улици: ул. “Јане Сандански” – десна страна од бр. 36 (семафори кај “Мини Маркет”) до бр. 96 пресек со ул. Карпош Војвода, ул. “Карпош Војвода” – десна страна од бр.2 до крај , булевар “Туристичка” – десна страна од почетокот до семафори кај “Мини Маркет”, ул. “8 Септември”, ул. “Лазо Трпоски”, ул. “Мирче Ацев”, ул. “Ванчо Питошески”, ул. “Галичица”, ул. “Никола Карев”, ул. “АСНОМ” – до пресек со ул. булевар “Туристичка”.
На ден 15.03.2018 година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -10 “Горна Влашка Маала”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница -10 “Горна Влашка Маала” го завзема средишниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “Марко Цепенко” и ул. “Јане Сандански”, од Запад ул. “7-ми Ноември”, од Север ул. “Момчило Јорданоски”, ул. “Прва Македонска Ударна Бригада” и границата на оранжериите и од Југ “1 Градски Ринг”.
Улици: ул. “7 Ноември” – десна страна бр.198 од пресек со новопроектирана ул.”Прв Градски Ринг” до кружно кај здружение на возачи под оранжерии излегува до ул.”Марко Нестороски” по улица и пресек со ул Момчило Јорданоски десна страна од бр. 2 до бр.36- кружно пресек ул.Марко Цепенков , ул. “Васил Главинов” ул. “Крсте Мисирков” ул. “Кузман Шапкарев”, ул. “Питу Гули”, ул. “Марко Нестороски” од пресек со новопроектирана ул. Прв Градски Ринг, ул. “Ѓорче Петров”,ул. “1 Мај”,ул. “Вангел Николоски”, ул. “Александар Гушо”, улица „Дебрца“, улица „Трајче Дојчиноски”, ул.”Марко Цепенков”- лева страна од почеток до бр.39 од семафори кај медицински центар до пресек со ул. “Момчило Јорданоски” (кружно), ул. “Јане Сандански” од бр.189 лева страна до кружно пресек со ул. “Питу Гули”.
На ден 16.03.2018 година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбаната Заедница -11 “Видобишта”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница -11 “Видобишта” го завзема источниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток “Бејбунар”, дел од границата на опфатот на градот, од Запад ул. “7-ми Ноември”, границата со постојните оранжерии, од Север реката, ул. “Живко Чинго” и ул. “Ирина Гинова Мирка” и од Југ ул. “Момчило Јорданоски”, ул. “Прва Македонска Ударна Бригада” и границата на оранжериите.
Улици: ул. “Живко Чинго” – десна страна (Жито Леб) до бр.116-мостот за с. Велгошти под планина и се спојува со ул. Момчило Јорданоски ул. “Ристо Чадо”, ул. “1 Македонска ударна бригада”,ул. “Андреја Јованоски”, ул. “Руме Наумоски”, ул. “Момчило Јорданоски” – лева страна од бр.1 до крај (под планина), ул. “Малесија”.
На ден 19.03.2018 година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -12 “Гоце Делчев”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница -12 “Гоце Делчев” го завзема источниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “М-3”, “Бејбунар” и границата на опфатот на градот, од Запад ул. “Марко Цепенко”, од Север ул. “Момчило Јорданоски” и од Југ “1 Градски Ринг” (ул. “Карпош Војвода”).
Улици: ул. “АРМ”, ул. “Димо Хаџи Димов”, ул. “Париска Комуна”, ул. “Момчило Јорданоски”- десна страна од бр.38- пресек со ул. “Марко Цепенков” до крај,ул. “Марко Цепенков” – дел од семафори кај Медицински центар десна страна-до пресек со ул. “Момчило Јорданоски”, ул. “Партизански Одреди”, ул. “Сирма Војвода” лева и десна страна од почеток до крај, ул. “Карпош Војвода” – лева страна од бр. 1 до крај, ул. Јане Сандански бр.98 десна страна до кружно кај медицински центар.
На ден 20.03.2018 година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -13 “Железничка”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница -13 “Железничка” го завзема северниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. “Кленоец”, од Запад ул. “Хаџи Мустафа”, дел од границата на опфатот на градот, реката “Даљан”, од Север ул. “Прилепска”, дел од границата на опфатот на градот и од Југ ул.” Железничка”, клучка.
Улици: ул. “Железничка” – дел пресек со ул Кленоец стовароште Дебој десна страна до крај петља бр.232, ул. Кленоец пресек со ул.Железничка лева страна до ул.Прилепска (касарна на АРМ), ул. “Будва”, ул. “Винковачка”, ул. “Прилепска”.
На ден 21.03.2018 година со почеток во 19,00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -14 “Радојца Новичиќ”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница 14 „Радојца Новичиќ“ го завзема крајниот северен дел од градската територија и се граничи со: од исток улица „Петрино“ и границата на опфатот на градот, од запад улица „СЕ 14.4“ – „Радојца Новичиќ“, границата на опфатот на градот, од север границата на опфатот на градот, река и од југ улица „Прилепска“.
Улици: ул. „Радојца Новичиќ“, улица „Петрино“, улица „6 бригада“, улица „28 април“, улица „130“, улица „Прилепска“ дел од пред мостот до пресек со улица „Петрино“, лева страна покрај река.
На ден 23.03.2018 година со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -16 “Рача”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната Заедница 16 „Рача“ го завзема југоисточниот дел од градската територија и се граничи со: од исток собирна улица „С-12“ – патот за село Велестово и границата на опфатот на градот, од запад булевар „Свети Наум Охридски“, од север границата на УБ 17.3 од УЗ 17, и од југ границата на опфатот на градот.
Напомена: Граѓаните присутни на Собирот со себе да носат важечка лична карта или патна исправа заради доказ за жителство во Урбаната заедница и лична идентификација.
Статут на Oпштина Охрид
Член 105
Советот на облиците на месната самоуправа е составен од 3 (три) до 7 (седум) членови.
Мандатот на членовите на советот на месната самоуправа трае
4 (четири) години.
Член 107
Предлагање и утврдување кандидати за членови на советот на облиците на месната самоуправа се врши на собир на граѓани, доколку присуствуваат најмалку 3% од граѓаните, жители на месната самоуправа, кои имаат право на глас.
За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број на гласови од присутните граѓани на собирот.
Член 109
За избрани членови на советот на облиците на месната самоуправа се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале. Врз основа на Правилата за работа на облиците на месната самоуправа:
Член 17
Собирот на граѓани ( во понатамошниот текст: собир) го сочинуваат сите полнолетни граѓани со живеалиште на подрачјето на обликот на месната самоуправа. Собирот се свикува со писмено известување, преку дневниот печат, преку електронски медиуми или на друг погоден начин.
Член 29
Предлог за кандидат за член на Советот може да поднесе секој полнолетен присутен член на собирот. Предлозите за кандидат се даваат поединачно и секој има право да предложи само еден кандидат. Секој предложен кандидат дава согласност за прифаќање на кандидатурата.
Член 30
За утврден кандидат се смета кандидатот кој добил мнозинство на гласови од присутните полнолетни граѓани на собирот, жители на облиците на месната самоуправа.
Член 31
На Собирот на граѓаните може да се предложат, односно утврдат најмногу два пати повеќе кандидати од вкупниот број на членови на Советот. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: архива