Охрид, 10. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на летната сезона, одговорните екипи деновиве вршат санација на патниот правец Охрид-Св. Наум и крпење на ударните дупки кои подолг период наназад претставуваат проблем за возачите.
На овој потег веќе одреден период наназад се отстранува дел од стариот асфалт и се поставува нов, со што овој патен правец ќе биде подготвен да го прими зголемениот број возила кои се очекуваат за време на празниците и престојната сезона.
Одговорните апелираат на внимателно возење до граѓаните за да не дојде до несакани последици и оштетувања на возилата.
Според најавите, комплетната санација се изведува на потегот од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до хотелот „Славија“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 58