Охрид, 11. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во големата сала на Општина Охрид, во понеделник, 12-ти март со почеток во 12:00 часот ќе се одржи првата презентација на проектот „Смарт Охрид“.
– Инфраструктурата е од особено значење за економски раст и развој на земјата, социјална инклузија на жителите од помалите населени места а со тоа и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Одржливи видови на транспорт за пренос на луѓе, добра и услуги ќе придонесат меѓу другото и за намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. На настанот ќе можете да се информирате како ќе изгледа транспортното решение „Смарт Охрид“ како начин за зголемување на мобилноста на локалното население, одржливо решение за летната сезона, меѓутоа и проект кој ќе привлече туристи во регионот, информираат организаторите од Центарот за истражување и информирање на животната средина Еко-свест. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива