март 13, 2018

Охрид, 13. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска започнуваат бесплатните курсеви за монтери, заварувачи и изучување на полски јазик.

Истите ќе се реализираат согласно годишната програма на секторот за ТЛЕР за оваа година во која е предвидено да се спроведат стручни обуки за невработени лица, како и обуки за прекфалификација и докфалификација во соработка со соодветни институции и работодавачи, со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените и подобрување на нивните квалификации за идно вработување.

Со оваа мерка ќе бидат опфатени вкупно 34 лица кои претходно беа избрани на јавен повик, согласно спроведената анкета за дефицитарни кадри и профили.

Планираните обуки ќе ги спроведува  Општинската јавна установа „Кузман Шапкарев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука