Охрид, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Предлог-одлуката за усвојување на Годишниот извештај и завршната сметка на Буџетот на општина Охрид за минатата година е меѓу точките на дневен ред на денешната седницана градскиот совет.
Советниците ќе треба да се произнесат и за Извештајот за годишниот попис за 2017 година, како и за Предлог-одлуката за давање согласност на Годишниот план за вработување во општина Охрид за 2019 година.
На дневен ред се и предлог-одлуките за финансиското работење и завршните сметки на основните и средни училишта, како и на јавните претпријатија, методологијата за распределба на блок – дотацијата за основно и средно образование во општина Охрид и предлог-одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион.
Со обемниот дневен ред од 92 точки, опфатени се и точки од сферата на урбанизмот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива