Охрид, 14. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид ќе се збратимува со Велико Трново во Бугарија.
Советниците на денешната седница едногласно го изгласаа овој предлог. Потпишувањето на договорот за збратимување ќе се случи на претстојната посета на делегација на општина Охрид на Велико Трново.
Во 2006 година од страна на тогашниот охридски градоначалник веќе е потпишан протокол за соработка со Велико Трново. Охрид низ годините наназад има учествувано на Меѓународниот саем за културен туризам и филмски фестивал, кој во месец април се одржува во овој град.
Освен со оваа општина, Охрид има потпишани протоколи за соработка уште со уште два бугарски градови, Пловдив во 2000-та и Несебар во 2003 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 67