Охрид, 15. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – При повторената контрола и анализа на квалитетот на водата за пиење од селските водоводи во општина Охрид, извршена на 14-ти и 15-ти овој месец од страна на Центарот за јавно здравје од Охрид, констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување се` уште е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност.
– Првичните микробиолошки анализи на овие води покажаа и присуство на патогени бактерии. Според тоа и согласно законските прописи, водата за пиење од системот за водоснабдување во горенаведените села сеуште не е здравствено безбедна за пиење. Апелираме до жителите во овие села да избегнуваат користење на ваква вода за пиење, а до надлежните кои стопанисуваат со водоводите да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот и обезбедат здравствено безбедна вода за пиење за житечите во овие села. Редовно ќе ја следиме состојбата и навремено ќе информираме за квалитетот на водата за пиење во горенаведените села. Резултатите од анализата се испратени и до инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во Охрид за натамошно постапување, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива