Охрид, 15. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Додека третманот на мозочните удари во светот напредува, што резултира со значајно намалување на смртноста и инвалидитетот кај болните, во Република Македонија и регионот се` уште сите пациенти немаат еднаков и оптимален третман при мозочен удар.
Се проценува дека на секои 30 минути по еден пациент умира или се здобива со траен инвалидитет поради тоа што не е третиран на соодветен начин и во специјализирани центри, а не поради самиот мозочен удар. Да се надеваме дека новите и напредни третмани набрзо ќе станат и дел од нашето секојдневие. До тогаш бидете информирани.
Во продолжение информација за две големи нови Европски студии од кои лекарите очекуваат подобрување на исходот од мозочниот удар.
TENSION е нова меѓународна студија чија цел е да ги прошири придобивките од механичката тромбектомија. Тромбектомијата е третман за одредени видови на акутен исхемичен мозочен удар при кој може да се користат специјално дизајнирани механички уреди со кои се крши и отстранува тромбот од крвниот сад во мозокот. Оваа постапка се спроведува од високо квалификуван кадар и бара посебни болнички капацитети. Студијата ќе вклучи 714 пациенти во осум европски земји, а проектот ќе трае 5 години – од февруари 2018 година. TENSION е координирана од проф. Д-р. Гетц Томала од Универзитетските клиникa „Хамбург-Еппендорф“ во Хамбург и проф. Д-р Мартин Бендзус од Универзитетските клиникa во Хајделберг и е финансирана од програмата на ЕУ „Хоризонт 2020“.
– ТENSION е студија посветена на огромен здравствен проблем и ќе обезбеди докази за ефикасна терапевтска интервенција на пациентите со мозочен удар. Ова значи дека ќе добиеме подобри индивидуални исходи на пациентот и ќе го избегнеме инвалидноста поврзана со мозочен удар кај голем број пациенти. На општествено ниво, новиот третман ќе помогне во намалувањето на трошоците поврзани со мозочниот удар, изјави Проф. Томала.
Друг мултимилионски проект е на проектот PRESTIGE-AF чија цел ќе биде собирање докази околу препорачаните лекови за превенција на мозочен удар кај пациенти со AF. Проектот вреден 6,9 милиони евра е наменет за пациенти со атријална фибрилација (АФ), честа состојба на срцето која предизвикува неправилно и абнормално брзо отчукување на срцето, акои претходно имале мозочен удар предизвикан од крварење во мозокот (наречен интрацеребрална хеморагија). Превенцијата на мозочен удар кај преживеаните со интрацеребрална хеморагија со преткоморна фибрилација (PRESTIGE-AF) ги спојува научниците и клиничарите ширум Европа со цел да се намали ризикот од понатамошен мозочен удар кај оваа група на пациенти а да не дојде до повторено мозочно крварење, бидејки лековите кои го превенираат создавањето на тромби ја разредуваат крвта.
Петгодишниот проект ќе го води професорот Роланд Велткамп од Одделот за медицина на Кралскиот колеџ во Лондон и вклучува 11 други партнерски институции во Велика Британија и низ цела Европа.
– Превенција на мозочен удар е предизвик кај ранливите пациенти со мозочен удар со повеќебројни ризици и болести. Токму оваа комплексност ја отежнува изработката на најдобрата индивидуална превентивна стратегија за одреден пациент. Работејќи со нашите меѓународни партнери преку иницијативата PRESTIGE-AF се надеваме дека ќе се справиме со некои од до сега неисполнетите потреби на овие пациенти и ќе развиеме повеќе персонализирани третмани. Превенцијата е клучна, и во крајна линија имаме за цел да спречиме удар и влијанието што го има врз животот на пациентите, дециден е професор Велткамп.
Сите заинтересирани за повеќе информации, можат да ги контактираат одговорните на: [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива