Охрид, 15. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на АД ЕЛЕМ, нивото на водата во Охридското Езеро денеска е на котата од 693,82 мнв, или околу 7 сантиметри над дозволеното.
– Согласно водостопанската дозвола која ја поседува ЕЛЕМ, нивото може да биде и на 694 мнв. Во минатиот период езерото било на тоа ниво, па дури и повисоко, на пример во 2010 година, кога достигна 694.06 мнв, порача денес од Охрид првиот човек на АД ЕЛЕМ, Драги Миноски.
Тој додаде дека организирана работна група со претставници од Охрид и Струга секојдневно ќе го следи нивото, ќе анализираат и ќе даваат насоки за оптимизирање на покаченото ниво. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 22