Охрид, 16. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со уште неколку наслови, повторно е збогатен книжниот фонд во НУ Библиотека “Григор Прличев“ – Охрид.
На располагање на читателите им стојат книгите: „Златни наштимувања” од Кацуџо Ниши, „Ако животот е сон” од Јанош Арањ, „Лира и меч” од Шандор Петефи, „Превентива и заштита на иконите” од Златко Танасковски, „Лудило” од Трајче Арсовски, „Десет унгарски поети на XX век”, „Витези од соседството” од Хиро Шимада, „Бесмртните” од Диме Иванов-Димано, „Имагинарна реалност” од Тони Анастасовски, „Тетово низ стари фотографии” од Драги Ѓоргиев и „Монумента”, информираат од охридската библиотека. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28