март 17, 2018

Охрид, 17. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот на Словачка Хенрик Маркус, почесниот член на Здружението за планинарење, велосипедизам и еко култура ЗШ Авантура од Охрид денес со членовите на ова здружение беше на велосипедска тура до месноста „Корита“.

Денешната тура беше дел од предвидените активности на Жанко ЗШ и ЗШ Авантура за соодветно промовирање на планинскиот туризам, но и активниот и здрав живот и еко културата.

zsavantuaslovacki2– Во периодот кој е пред нас планирано е да се поканат многу гости од соседните земји и држави, а денешната тура беше со Амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија, господинот Хенрик Маркус, кој е голем љубител на планинскиот велосипедизам, влубеник во планините и екологист. И покрај тешките временски услови и силниот ветар, успешно ја реализиравме велосипедската тура од Охрид до месноста „Корита“ на Галичица во должина од 62 километри. Амбасадорот беше воодушевен од убавините на нашата Галичица и најави дека наскоро ќе дојде со пријатели од Словачка да ни бидат гости во охридскиот регион, вели Голабоски.

zsavantuaslovacki3zsavantuaslovacki4Тој додава дека во иднина планира проекти за чистење на Галичица, многу планинарски и велосипедски тури.

– Сепак еколошката свест ни е на многу ниско ниво и мораме што побрзо да реагираме. И понатаму останувам промотор на планинскиот туризам,
здравиот и активен одмор и екологијата, потенцира Голабоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ЗШ Авантура

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука