март 18, 2018

Охрид/Струга, 18. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Отворен е повик до невладините организации и здруженијата на граѓани за доствување проекти за одбележување на Денот на реката Дрим, а во рамки на ГЕФ Дримскиот Проект и Drin Corda процесот

Целта на повикот е да ги инспирира колективните и прекуграничните активности за заштита на сливот на реката Дрим и нејзините слатководни еко-системи. Треба да се вклучат најмалку две невладини организации и здруженија кои доаѓаат од друга земја партнер. Активностите треба да се географски фокусирани на еден од под-басените.

Секој избран проект ќе добие по 6.000 долари (3.500 долари за трошоци за работна сила и 2.500 долари за промотивни трошоци).

Крајниот рок за аплицирање е 22-ри март.

Годинава по петти пат, на 5-ти мај ќе се одбележи Денот на реката Дрим, а во фокусот ќе биде прекуграничната соработка.

Прогласувањето на Ден на реката Дрим е идеја и одлука на Дрим Кор групата која како симболика ги има петте земји кои го делат Дримскиот басен и суб-басените Преспа, Охрид и Скадар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука