Охрид, 22. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре, петок 23-ти март, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско во Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост).
На Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Во недела, на 25-ти март, по повод празникот недела на „Св. Марија Египетска“ ќе се служи света Василиева литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви. (Крај)
извор: МПЦ ОА фото: архива