Охрид, 23. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Бесплатен превоз на лицата од трета доба низ градов и селските средини. Оваа можност била разгледана на средбата на првиот човек на Охрид, Јован Стојаноски со претседателот и претставници на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.
При посетата, Стојаноски истакна дека локалната власт ќе ги подржува проектите на охридските пензионери кои се во насока на продлабочување на соработката со сродни здруженија од збратимените градови со Охрид.
Станало збор и за потпишување на меморандумот за соработка меѓу општина Охрид и Здружението на пензионери. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид
Прочитано: 39