Струга, 25. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градежен шут, стар мебел, ѓубре од секаков вид… Оваа слика им ја нуди локалната власт во Струга на туристите во пресрет на главната туристичка сезона во Струга.
На потегот веднаш после кружниот тек, по стариот пат кон Охрид, може да се забележи вистинска мала депонија, која претставува лоша слика за стружани, но и за гостите.
Ако се продолжи вака, локалната депонија која до скоро беше главна топ-еколошка тема во државата, во комбинација со ваквите мини-депонии, навистина ќе направат „како Струга да нема друга“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 23