ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Езерото денес на 693,99 мнв, односно на 24 см над максималната кота

Охрид, 26. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Врнежите од дожд и снег на повисоките места продолжуваат во регионот на Охрид, што предизвикува континуирано растење нивото на водата во Охридското Eзеро.

Според податоците од ЕЛЕМ денес е на котата од 693,99 метри надморска височина, односно веќе 24 сантиметри над масксималната кота од 693,75 метри.

Раководителот на сектор во ХЕС Црн Дрим, Тони Маркоски неодамна истакна дека максималниот испуст што може да се направи од езерото е 75 метри кубни во секунда, што значи дека во моментов се испуштаат 20-30% од таа вредност. Деновиве во Охридското Езеро има прилив од 140 метри кубни во секунда вода или на дневно ниво водостојот на езерото расте за два до четири сантиметри.

Согласно водостопанската дозвола која ја поседува ЕЛЕМ, нивото може да биде и на 694 мнв. Во минатиот период езерото било на тоа ниво па,дури и повисоко, на пример во 2010 година, кога достигна  694.06 мнв. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави