март 27, 2018

Охрид, 27. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид, преку свои претставници е учесник на тренинг програмата „Овозможување локална демократија и холистички урбан развој преку SymbioCity пристап“, заедно со претставници од други седум градови од Србија, Украина и Турција.

Програмата е во организација на ICLD и SKL International од Шведска. Охридскиот тим, како урбанистички предизвик во рамки на програмата, ќе го работи проектот ,,Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој всушност се однесува на адаптирање на улица ,,Македонија“ во пешачка зона.

Со цел успешно извршување на постапките и чекорите при изработка на проектот, согласно планираната методологија, се организира  Е-АНКЕТА.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука