март 27, 2018

Охрид, 27. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Временските неприлики направија трската кај месноста Мазија на крајбрежјето на Охридското Езеро, кај Холандскиот парк да е сведена скоро на половина од првичниот обем.

Ваквата појава е нормална поради големото невреме проследено со силен ветер кои уништија дел од трската на овој потег од езерото каде таа има има најдобри услови за развој, па затоа нејзините стебла тука растат релативно високо.

trskamazija2Надводните делови од трската во текот на зима изумираат, а се обновуваат во текот на месеците април и мај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука