Охрид, 28. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Веднаш по подобрувањето на временските прилики, започна санацијата на Градскиот кеј по оштетувањата од последното големо невреме кое го погоди регионот на Охрид.
Одговорните екипи започнаа со санација на најоштетените делови, а денес се работеше на потегот пред хотелот „Ривиера“. Според најавите, планот е да се искористи убавото време, затоа што веќе од викендов, повторно се најавуваат врнежи од дожд.
– До петок времето ќе биде претежно сончево. Утре, утринската температура на повеќе места ќе се спушти околу нулата. Од сабота попладне до недела ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер, кој во сабота ќе биде од јужен, а во недела од западен правец. Во наредниот период дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес