март 29, 2018

Охрид, 29. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надлежните служби од Охрид во вторник ќе седнат на иста маса со корисниците на урбана опрема.

Градоначалникот Јован Стојаноски  и претставници на општинските служби, заедно со претставници на УЈП, Државен пазарен инспекторат и СВР Охрид ќе одржат  работна средба со угостители, тезгаџии и останати корисници на урбана опрема. На средбата  со сите чинители во туристичката дејност кои користат урбана опрема ќе се разговара за проблемите со кои тие се соочуваат и подготвителните активности пред почетокот на туристичката сезона.

Средбата ќе се одржи во голамата општинска сала со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука