Охрид,29. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година, по повод претстојните Велигденски празници во Охрид ќе се одржи Велигденски базар.
Заинтересираните правни и физички лица кои сакаат бесплатно да ги користат пултовите поставени на плоштадот „Чинар“ за изложување на своите производи, ќе може да се пријават во просториите на ЈП „Градски пазар“, најдоцна до понеделник, 2-ри април.
Велигденскиот базар ќе се одржува два дена, и тоа на 4-ти и 5-ти април. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22