Охрид, 2. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во големата сала на Општина Охрид, утре со почеток во 12:00 часот, градоначалникот Јован Стојаноски и надлежните служби, заедно со претставници на УЈП, Државен пазарен инспекторат и СВР Охрид ќе одржат работна средба со угостителите, тезгаџиите и останатите корисници на урбана опрема во Охрид.
Според најавите од локалната, на средбата ќе се разговара за проблемите со кои тие се соочуваат и подготвителните активности пред почетокот на туристичката сезона. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26