Охрид, 2. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Маскирани во пеперутки, самовили, супер херои, вештерки, пчели и бубамари, најмладите охриѓанчиња згрижени во ЈОУГД „Јасна Ристеска“ го одбележаа Светскиот ден на шегата, 1-ви април.
На забавата организирана на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ меѓу присутните беше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.
Први април е денот кога никој нема да ви се налути, доколку го излажете или некој ве излаже вас, ден кога освен правењето разни шеги и будалаштини, дозволено е и маскирање и имитирање на некој друг.
Забавите на Охридскиот плоштад по повод 1-ви април имаат традиционален карактер. (Крај)
извор/фото: Општина Охрид
Прочитано: 28