Охрид, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – По повод големиот христијански празник Велигден во недела, 8-ми април паркирањето во Охрид ќе биде бесплатно, одлучи ЈП „Билјанини извори“.
– Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник, велат од претпријатието, воедно честитајќи го празникот на православните верници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 31