Охрид, 5. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид се подготвува за големиот христијански празник Велигден, во очекување на гостите кои традиционално секоја година го посетуваат најголемиот туристички центар во државава.
Екипи на ЈП „Охридски комуналец“ денес го средуваа градскиот парк и зелените површини. Се косеше тревата и се уредуваа цветните леи.
Паркот кај градскиот плоштад пак веќе е украсен со со шарени јајца кои веќе неколку години се дел од декорот на Охрид за Велигден.
Градот живее во духот на големиот ден, а празничната атмосфера веќе се чувствува насекаде. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 28