Охрид, 9. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Туристичките адути на Охрид за првпат беа претставени на меѓународниот саем за туризам ExpoCity Albania, кој се одржа во Тирана.
По промоцијата на туристичката понуда на Охрид на B2B средбите остварени беа голем број на работни средби со туристичките агенции и туроператори. Од страна на туроператорите од Албанија, она што Охрид го нуди од туристички аспект, ќе биде вклучено во нивната регионална туристичка понуда.
Учеството на општина Охрид беше организирано од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: општина Охрид
Прочитано: 22