април 12, 2018

Охрид, 12. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Висока украинска делегација, предводена од министерот за надворешни работи, Павло Климкин и Амбасадорот во Република Македонија Наталија Задорожњук, заедно со македонскиот амбасадор во Украина, Столе Змејкоски денес беа во официјална посета на Општина Охрид.

Делегацијата ја примија претседателката на Советот Живка Ангелоска, заменик-градоначалникот Константин Георгиески  и Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој.

На работниот состанок се разговараше за зајакнување на туристичката соработка меѓу, РепубликаМакедонија и Украина и во таа насока се разгледуваа можностите за привлекување поголем број украински гости кај нас. Гостите од Украина беа информирани за воспоставените чартер летови од неколку европски дестинации до охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, а се укажа на можноста за воспоставување на ваква авио линија од Киев до Охрид. Се разговараше за можноста преку балканските тури со автобуски превоз на неколкудневен престој во Охрид да доаѓаат украински туристи.

Гостите од Украина попладнево ќе ги разгледаат културно историските знаменитости во Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука