април 13, 2018

Охрид, 13. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве  започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел-Вапила во должина од два километри и 200 метри.

Се поставува асфалт со дебелина од 6 сантиметри, а на почетокот на трасата кај селото Косел ќе бидат изградени и тротоари со цел побезбедно минување на пешаците.

12_04_2018_KOSEL_VAPILA_5Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Проектот е вреден 120.000 евра, пари што Општина Охрид  ги обезбеди во соработка со Светска Банка и Фондовите од Европската Унија.

12_04_2018_KOSEL_VAPILA_3Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука