април 13, 2018

Софија, 13. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски, беше дел од осмиот собир на Европските корисници на Common Assessment Framework (CAF) моделите што се применуваат во јавната администрација, кој се одржа во Софија, Република Бугарија.

На собирот од страна на учесниците беа презентирани успешни примери од функционирањето на европската администрација, како и совети за подобрување на работењето на администрациите.

„CAF“ моделот, до крајот на 2017 година е имплементиран во 55 држави, односно во административното работење на 3.970 организации од јавниот сектор. Имплементацијата на „CAF“ моделот, Општина Охрид го започна во 2013 година. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука