Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Претседателката на градскиот совет за понеделник, 23-ти април ја закажа деветтата седница, на која на дневен ред ќе се најдат 77 точки.
Пред советниците ќе се најдат одлуките за усвојување на годишните планови за вработување во охридските јавни претпријатија за 2019 година.
Ќе се расправа и за предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на административните службеници во образовните институции за годинава.
Градските избраници ќе ги разгледуваат и извештаите за реализација на програмите од повеќе области и сектори.
И овојпат опфатени се повеќе точки од урбанизмот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23