април 18, 2018

Охрид, 18. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска, за во понеделник, 23-ти април ја свика деветтата седница на Советот на која ќе се расправа по 77 точки од Дневниот ред.

Советниците ќе гласаат за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2018 година за периодот од 01.01. до 31.03.2018 година, околу Извештајот за реализација  на Развојната програма за активностите на општина Охрид во областа на образованието, Развојната програма за детска заштита за 2018-2020 година и други точки.

Комплетниот дневен ред ОВДЕ.

Седницата ќе се одржи во Големата сала на на Општина Охрид во понедленик со почеток во 14:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука