април 20, 2018

Охрид, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни свечености, Општина Охрид, ОУ „Христо Узунов“ и НУ Завод и Музеј од Охрид ќе одбележат 140 години од раѓањето и 113 години од херојската погибија на војводата Христо Узунов.

Утре од 17:00 часот ќе се одржи Интернационален младински фолклорен фестивал во чест на Узунов. Локацијата е на просторот кај ТЦ „Амам“, наспроти Поштата.

Во понеделник од 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето во ОУ „Христо Узунов“, а од 11:00 часот во големата сала на општината ќе биде прикажан документарен видео-запис од режисерот Илија Пиперкоски, по што ќе следи историски час посветен на животот и делото на Христо Узунов, на кој ќе говори проф. д-р Павле Митрески, а предвидена е и богата културно-уметничка програма.

Во вторник ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјето на Христо Узунов во градскиот парк, по што во селото Цер, кичевско, ќе се одржи панихида на гробот на војводата.

Комплетната програма со која Општина Охрид ќе го одбележи денот на смртта на Христо Узунов ОВДЕ.

Со повеќе активности и ОУ „Христо Узунов“ се подготвува за одбележување на својот патронен празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука