април 20, 2018

Охрид, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија на својата редовна седница одржана на 13-ти март оваа година донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј, 1.000 години од формирањето на Охридската Архиепископија.

Централното одбележување ќе се одржи во катедралниот храм на Охридските Архиепископии, црквата „Св. Софија“ во Охрид на 27-ми мај.

Со оглед на важноста на милениумски неповторливиот јубилеј, како во рамките на Република Македонија, така и во цела Европа, Владата на Република Македонија формира работна група за утврдување на програма за одбележување на јуби­лејот 1.000 години од формирањето на Охридската Архиепископија од страна на државата, со претставници од следните инс­ти­­туции: Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Маке­до­нија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид, Македонска филхармонија и Право­славниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука