Охрид, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишниот И.Т. од селото Ботун, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
– На 15-ти јули 2015 година и на 11-ти јули 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Дебрца, склучил договори за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги со еден мобилен оператор според кои му биле доделени мобилни телефони. Тој не ги евидентирал телефоните во пописните листи и по завршувањето на функцијата не ги раздолжил, со што се стекнал со материјална корист од 241.452 денари на штета на општина Дебрца, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 37